Фудбал
10. December 2017 - 11:06

13ч: Вардар против А.Пандев

 

Поради настапите на Вардар во Лигата на Европа, до почетокот на зимската пауза ФК Вардар  има уште два натпревари за доигрување во првенството и еден од Купот на Македонија. Веќе денеска Вардарци го играат заостанатиот натпревар од 17. коло со Академија Пандев. 

Во 13 часот на Националната Арена „Филип Втори“ шамионот е домаќин  на струмичкиот тим. Вардар има една победа во дуелот со Академија Пандев, кога го совлада во Струмица со 0:2 со головите на Максимов и на Стојков. 

После Академија Пандев, Вардар ќе игра уште против Работнички како домаќин, и идниот викенд, поточно на 17 декември е гостинскиот натпревар против Шкупи во рамките од реваншот од Купот на Македонија. Како што е познато, првиот меч заврши нерешено 1:1.