-->
-->
13 дена по породувањето: Поважно е селфито од држењето на главата на бебето!
-->
Фитнес тренерка од Австралија толку многу е опседната со својот изглед па дури го заборавила и здравјето на нејзиното самошто родено бебе. Таа сакала да ги импресионира нејзините следбеници на Инстаграм со својот изглед но наишла на коментари кои ја осудуваат.
Австралиската фитнес тренерка, гордо се фотографирала се со цел да го покаже изгледот на нејзиното тело само 13 дена по породувањето. Сепак ни најмалку не ги импресионирала следбениците со начинот на кој го држи синот додека прави селфи. Толку е внесена и опседната со својот изглед што не обрнува внимание на главата на детето која виси бидејќи таа не ја држи со раката.
Коментарите биле, "Загрижен сум за тоа како го држиш своето дете", "О мој Боже, јадно бебе", "Држи го своето дете како што треба, тоа е поважно од селфито", но таа се бранела со коментар дека "Бебето знае само да си ја држи главата". Со тоа експертите не би се согласиле, бидејќи потребно е одредено време да се придржува главата на бебето се додека не им зајакнат вратните мускули. Дури тогаш тие може главата да си ја држат самите.
Инаку, на Инстаграм ја следат повеќе од 477.000 луѓе. Со нив го споделувала секој момент од бременоста, упорноста, вежбањето, изгледот на нејзиното тело. Тренирала секој ден и по осмиот месец во бременоста. Во бременоста ја зголемила килажата за 10 килограми, а стомачните мускули и се оцртувале до самото породување. Рекла дека нејзиното ниво на енергија е исто како и дека секојдневно бременоста ја зачинува со секс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект