127 санкционирани возачи во Скопје, 17 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.
Како што информираат од МВР, изречени се 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за непрописно престројување на возила, две мерки за нерегистрирани возила...
- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, посочуваат од министерството.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата