Македонија
9. јуни 2024 - 11:22

120 санкционирани возачи во Скопје

 Во рамки на полициската акција во областа на сообраќајот вчера на подрачјето на СВР Скопје изречени се 120 казни, соопшти денеска МВР.

Од нив, за возење без возачка дозвола изречени се 12 санкции, 22 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење.

Исто така, изречени се три мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта.