Македонија
21. April 2021 - 8:57

12-годишно девојче oд Велес нападнато од врсничка | ВИДЕО

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое девојче од Велес е жртва на булинг.

Додека 12-годишното девојче низ солзи моли за помош од својата мајка по телефон, нејзината врсничка ја кубе и ја боксира сѐ додека не се појават возрасни минувачи кои се вмешуваат да ја спасат. Останатите девојчиња кои го следат целиот настан близина наместо да ѝ помогнат го снимаат целиот настан и се смеат.