119 сообраќајни прекршоци во Скопје, 16 без возачка
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Штаунас: Преземените обврски да се реализираат
-
Поголема контрола на езерото
-
Преглед на вестите
-
11 Oктомври - Денот на народното востание
-
Димитриевски: Ја поздравувам одлуката на Уставен за балансерот
-
Филипче: Нема откажување од зацртаните цели
-
Да се внимава со користењето на водата на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот