-->
-->
11-годишно дете почина од Ковид-19 во Хрватска
-->
Единаесет-годишно дете починало рано наутро од компликации од Ковид-19 во Клиниката за инфективни болести д-р Фран Михалевиќ во Загреб, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.
Според информациите од болницата, детето немало претходно потврдени болести и дека било позитивно на Ковид-19.
Со обдукцијата ќе се утврди точната причина за смртта, но според информациите со кои располагаме во моментов, детето завчера добило висока температура, имало болки во грлото, главоболки и малаксаност, што е вообичаена крвна слика. За жал, во 5.20 утринава е прогласена смрт, изјави проф. д-р Горан Тешовиќ за „Јутарњи лист“.
Тој напоменува дека вакви исходи се многу ретки, но, за жал, може да се случат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари со отчет за првите 100 дена: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство
-
СДСМ: За 100 дена влада нула мерки и закочени субвенции
-
Еден затвореник ја чини државата 10 илјада евра годишно, како да се реши пренатрупаноста во затворите?
-
Зголемена потребата од негуватели
-
Преглед на вестите од светот
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот