Македонија
9. јуни 2019 - 13:14

11 годишно дете каснато од куче скитник во гостиварско

Полицијата регистрира напад од бездомно куче врз дете во гостиварското село Дебреше. Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчеравечер во 22.20 часот во Полициското одделение Галате 72 годишниот А.А. од Дебреше пријавил дека, два часа пред тоа, околу 20.15 часот во селото неговиот единаесет годишен внук бил нападнат од куче скитник.

Кучето го каснало детето во пределот на десната нога.