104 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 76 лица

Вчера започна да се применува мерката за ограничување на движењето на граѓаните кое започна во 11 часот, а ќе трае до утре до 05 часот. Благодарност до граѓаните кои ги почитуваат мерките и со своето однесување придонесуваат да се спречи ширењето на коронавирусот, напиша министерот Наќе Чулев.
Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека:
По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 104 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 29 лица им се издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирано е 1 лице кое не ја почитувало мерката.
По однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето на целата територија на државата констатирани се вкупно 82 прекршоци.
Во државен карантин се спроведени 23 лица, напиша министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на неговиот Facebook профил.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски со владина делегација на форумот во Давос, фокус на економскиот раст, енергетиката и стратешките инвестиции
-

Честитка од Сиљановска Давкова за Водици: Сплотени да придонесеме за среќна и пристојна сегашност и благословена и просперитетна иднина
-

Најстудено на Попова Шапка, Битола и Крива Паланка
-

Трамп: Данска не ја елиминира руската закана по Гренланд, време е да се направи тоа
-

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба
-

Кошта најави вонреден Самит на ЕУ посветен на случувањата околу Гренланд
-

Најмалку 39 луѓе загинаа во железничка несреќа во Шпанија
-

Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии
