Зврлевски се сретна со Хојт Брајан Ји

Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски денеска се сретна со заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент, Хојт Брајан Ји.
На средбата, како што соопшти ОЈО, станало збор за справувањето со тероризмот и санкционирањето на учеството во странски војски, како и за подготвеноста на Јавното обвинителство на Република Македонија за справување со кривичните дела против изборите.
Двајцата соговорници размениле мислења и за соработката помеѓу институциите, вклучувајќи ги и односите меѓу Јавното обвинителство на Република Македонија и Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Брајан Ли на средбата беше придружуван од амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Џес Бејли.
Ново на Сител
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
-

Бугарија утре го бира новиот претседател - Јотова и Ѓуров во финалната трка
