Македонија
20. July 2015 - 17:38

Зошто Заев бара нов јавен обвинител и министер за внатрешни?

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бара да назначи јавен обвинител кој би го ослободи од обвиненијата,и партиски Министер за внатрешни работи кој за време на изборите би создавал хаос и кризи, велат експертите.

По постогнувањето на договорот од Пржино кој го разочара членството на СДСМ, според познавачите, Заев ќе направи се да го минира овој договор и тоа со изборот на јавен обвинител и министер за внатрешни.

И Бриферите од СДСМ на иста линија, тие велат дека Заев активно бара јавен обвиител кој ќе му вети дека ќе го ослободи од сериозните обвининија во сличајот Пуч, но и во случајот 200,000 евра мито. Според сериозноста на доказниот материјал, според правните експерти, за него ова е верјатно единствениот излез.

Бидејќи знае дека ќе ги изгуби изборите во Април, а сериозните анкети го потврдуваат тоа, преку изборот на Министер за внатрешни, лидерот на СДСМ ќе проба да смести партиски кадар кој би создавал хаос и проблеми во изборниот процес и би создавал алиби за поразот, велат изворите од СДСМ.

За нив ова е скандалозно и поради тоа што според договорот на кој Зоран Заев стави потпис, министерот за Внатрешни не го избира СДСМ туку треба да биде со заедничка согласност од четирите партии.