Свет
3. May 2016 - 10:59

Зошто Велика Британија треба да остане во Европската Унија?

Ле-з-еко - Париз

Велика Британија и е неопходна на ЕУ, за зачувување на политичкиот и економскиот баланс помеѓу северот и југот.

Еврозоната веројатно ќе се расцепи на два дела, помеѓу Северна Унија, раководена од една заедничка валута, и Јужна унија, која ќе биде додадена на неа со договор за слободна трговија. Велика Британија треба да остане мост меѓу тие два брега.

Европската Унија никогаш не била многу популарна во Велика Британија. Таа се приклучи кон блокот со задоцнување, и на 23 јуни нејзините избирачи ќе ја објават својата одлука дали сакаат предвремено да излезат од ЕУ. Со текот на годините, центарот на британската дебата за Европа се измести. Во 60-те и 70-те години од минатиот век, прашањето беше дали Велика Британија може да си дозволи да не се приклучи кон тогашната Европска економска заедница. Ризиците беа дека земјата може да биде отсечена од еден пазар кој во тоа време регистрираше најбрз економски раст во светот, и дека нејзиното партнерство со САД исто може да биде изложен на опасност: неопходно беше западниот сојуз да се потпира на два столба и едниот од нив требаше да биде Европа, а не ослабената Велика Британија.

Денес во центарот на дебатите е ослабувањето, а не моќта на ЕУ. Британците сметаат дека за разлика од Европа, за нив подобро е да излезат. Во пракса, од катастрофата во 2008 година, ЕУ е полна со лузни од неуспеси. Ако ги исклучиме Велика Британија и Германија, не постои скоро никаков економски раст. Европската Унија не може да ги заштитува своите граници против терористите („Европа не е безбедна“, изјави Доналд Трамп). Нејзините институции немаат легитимитет. Составена од всушност 28 суверени држави, ЕУ не може да дејствува, туку само објавува намери за дејствување. Судбината на унијата е безнадежно поврзана со судбината на неговиот најзначаен составен дел: 19-члената еврозона, заедничката влута, која е во срцето на економската стагнација. Еврозоната беше замислена да биде двигателот на политичкиот сојуз. Но моторот одеднаш сопре.

Да, кризата во 2008 година започна со колапсот на банките во САД. Повеќето држави од останатиот дел од светот всушност веќе се излекуваа, за разлика од поголемиот дел од европските држави. За да ги открие прчините за тоа, неодамна беше организиран семинар на таа тема во колеџот Њуфилд при Универзитетот Оксфорд, кој се фокусираше на недостигот од суверена власт способна да ја заштити европската економија во целост од заразните кризи кои избувнуваат во други делови на планетата. Меѓу делчињата кои недостасуваат од сложувалката на тој суверенитет се системот за фискални трансфери, за да се одговори на асиметричните шокови; безризични активи (еврообврзниците), во кои ќе бидат чувани неискористените пари; единствен систем за надзор на банките и на пазарите на капитал; централна банка, која ќе биде во состојба да дејствува ако последене можен кредитор; и можноста за организирање на програма за стабилизирање и востановување на општоевропско ниво.

Еврозоната ги ослабе своите членки без да создаде една наднационална држава, која ќе ги замени овластувањата кои тие ги загубија. Всушност легитимноста сепак продолжува да произлегува од една политичка власт која ги загуби атрибутите на својот суверенитет (како можност да биде променет курсот за размена на соодветната национална валута) од која произлегува таа легитимнсот.

ЕУ се обидува постепено да создаде политички сојуз затоа што беше невозможно за започне од него. Всушност, лошо маскирано во „европскиот проект“ беше очекувањето кризите кои следуваа една по друга да го придвижат напред процесот на политичка интеграција. Таква несомнено беше надежта на Жан Моне. Другата можност (кризите да имаат обратен ефект и да доведат до распаѓање на економската и валутната унија) никогаш не била сериозно земена во обзир.

Малкумина се граѓаните на Велика Британија кои бараат брза еволуција кон политички сојуз. Британците се потпираат на претпоставката дека тоа ќе ги пополни празнините во областа на суверенитетот кои ја парализираат еврозоната. Во пракса, во договорот кој британскиот премиер Дејвид Камерон го договори со останатите европски лидери како услов за останување во ЕУ, Велика Британија изричито е ослободена од ангажманот да учествува во создавањето на еден „се потесен политички сојуз“. Но тешко е да се претпостави како еврозоната може да профитира без таков политички сојуз.

Следствено, еврозоната според секоја веројатност ќе се подели на поеднакви делови, по новите јалови обиди за излегување од кризата. Можеме да претпоставиме формирање на една северна зона со заедничка валута, која ќе располага со доволно суверенитет (предводена од Германија или, што е уште поверојатно, од германско-француски тандем) за да функционира, и поврзана преку договор за слободна трговија со една јужна зона за која нема да важат паричните и буџетски правила на северниот блок. Поконкретно, членовите на јужниот блок ќе имаат фиксиран валутен курс спрема северниот, но тој ќе може да биде корегиран.

Но на јужниот сојуз ќе му недостасува еден член кој ќе ја има неопходната тежина и престиж, за да биде како противтежа на Германија. Тој член би можело да биде само и единствено Велика Британија. И тоа е главниот аргумент против нејзиното повлекување од Европската Унија: ако остане во ЕУ, Велика Британија ќе биде во состојба да гарантира дека во случај на распаѓање на еврзоната, процесот нема да биде претерано брутален и дека во секој случај ќе биде зачуван барем дел од духот на основачите на Европската Унија.