Свет
30. January 2016 - 11:52

Зошто светот ја става под знак прашалник позицијата на Турција кон Исламска држава

Ал монитор - Вашингтон

Дали вистински Турција се бори против Исламска држава (ИД)? Или обвиненијата дека Турција ја поддржува ИД се основани? Ако го прашате претседателот Реџеп Таип Ердоган, никоја друга држава не се бори толку против ИД колку Турција.

По самоубиствените напади од 12 јануари во реонот на истанбулскиот плоштад Султанахмет, тој беше прашан колку е искрена Турција во борбата против ИД. Ердоган луто одговори: „Турција е првата цел на сите терористички организации кои дејствуваат во регионот, затоа што ние се бориме против сите нив без да правиме разлика. Има ли друга земја во светот, освен Турција, која се бори против терористичката организација ИД како ние и да плаќа толку висока цена за тоа?“

Премиерот Ахмет Давутоглу исто ја подвлече решителноста на Турција во битката против ИД.

- За околу 48 часа ја нападнавме ИД со околу 500 тенкови и артелириски орудија, рече Давутоглу неколку дена по нападот во Истанбул. „Уништивне позиции и бункери на ИД со сите наши средства на сириската граница и во Башика. Околу 200 борци на ИД беа убиени во последните 48 часа“.

Има неколку причини заради кои таквите изјави на Ердоган и Давутоглу немаат големо влијание и често пати не се земани сериозно. Првата е поддршката на Турција за организациии кои се борат против режимот на сирискиот претседател Башар Асад. Понекогаш на тие групи им се приклучуваат и џихадисти од ИД.

Со години наназад Турција е критикувана заради пропустливоста на своите граници кои им овозможуваат борците и оружјата непречено да минуваат. Кога некој ќе забележи дека џихадистите го контролираат реонот на границата и дека Турција се претвора во нов Пакистан, турските власти едноставно одговараат дека таквите тврдења се преувеличени. Кога Фронтот Ал Нусра, а потоа и ИД ги зацврстија своите позиции и станаа познати, аргументот на Турција беше: „Асад ги спонзорира тие организации. Нивен извор е режимот. Ако режимот падне, тогаш и тоа прашање ќе отпадне“. Но кога САД го вклучија Фронтот Ал Нусра кон списокот на терористички организации во 2012, Турција продолжи тајно да ја поддржува таа организација.

До 2014, политиката на Анкара беше едноставна: Штом ИД се бори против организирани групи поткрепувани од Турција, тогаш таа е „гадна“ организација, но ИД се пресврте во добра организација кога се бореше против курдите кои Анкара ги смета за непријатели. Турција ја користи ИД како средство со кое ги потиснува курдите кои пак објавија автономија во Рожава, западнот реон на Курдистан во северна Сирија.

Се отвори и ново прашање кога во јуни 2014, Турција практично и го предаде својот конзулат во Мосул на ИД, сметајќи дека таа нема да им наштети на Турците. Службениците во конзулатот беа земени како заложници и требаше да бидат спасувани преку преговори.

Исто така имаше тврдења дека Турција ја финансира ИД. И покрај постојаните предупредувања од САД, Турција не се обиде да ги сопре превозот на нафтата од ИД преку нејзината граница до март 2014 година. Иако беа презмени некои мерки за сопирање на нафтоводите преку реката Ороиз во Хатај, трговијата со нафта продолжи преку традиционалните шверцерски маршрути.

Нафтата која се произведува во сириските провинции Хасака и Деир ал Зур, беше шверцувана во Турција со мешање со курдска нафта, која легално се внесува во Турција од регионалната влада на Курдистан. Тој приток на нафта замаскиран како курдско гориво, не беше тајна за оние кои го следат регионот иако Русите го претставија како големо откритие.

Друг момент кој отвора прашања за искреноста на Турција во борбата против ИД е како Анкара застана на страната против ИД дури по притисокот од САД. Додека Анкара се уште продолжуваше да се пазари со САД за концепцијата за борба против тероризмот, таа ја отвори својата база Инџирлик за потребите на военовоздушните операции на САД и коалицијата во Сирија, но потоа одеднаш го помести фокусот од ИД кон Курдската работничка партија (ПКК). И покрај двата артилериски напади врз ИД откако турски војници двапати потпаднаа под огaн во јули, Турција ја мобилизираше сета своја воена моќ против ПКК. Од политички аспект, Анкара започна пропаганда за да ја изедначи поддршката на САД за курдската националистичка партија Демократски сојуз и нејзиното военo крило со ИД.

Турските служби за безбедност рекоа дека имаат сведоштва за наводните атентатори пред нападите во Суруч, Диарбекир и во Анкара, но не ги следеле активно. Наместо да се фокусира на улогата на ИД, владата го замачка случајот и изјави дека одговорните за нападите се можеби од ПКК, ИD, сирискиот режим или од ДХКП-С (левоекстремистичка турска организација).

Колебливоста на Турција во судбинската борба против ИД исто отвара прашања. Весниците беа замајувани и по ослободувањето на борци на ИД, или со тоа дека самоубијците биле познати, но не биле задржани, со што пораснаа сомнежите дека Турција игра двојна игра.

Веднаш по нападите на плоштадот Султанахмед, десетици луѓе обвинети за членство во ИД беа уапсени во целата земја. Нормално, тоа го оправдува прашањето: штом Турција имала разузнавачки информации за да задржи толку многу луѓе за една ноќ, зошто тогаш не презела дејствија пред нападите? После па се појавија информации дека националното разузнавање МИТ ги предупредило службите за безбедност на 17 декември и на 4 јануари дека туристички објекти и странци може да станат предмет на напади.

Единствениот судски процес против операциите на ИД во Турција дојде по жалби од семејствата на млади луѓе кои се приклучиле кон организацијата. Од 67 лица, кои биле вклучени на списокот на осомничени, 23 од нив биле пријавени од нивните семејства, а 29 беа ослободени.

Тоа и други слични случаи го создаваат впечатокот дека правните дејствија против ИД не се применуваат сериозно. Владини службеници велат дека таквите обвиненија се неосновани. Според нив, во првите 11 месеци од 2015, 1200 души биле уапсени под сомнение за врски со ИД, а најмалку 350 биле затворени.

Но сепак други моменти предизвикуваат сомнеж за односите на Турција кон ИД во Ирак, На пример, Турција која сака да има улога во иднината на Мосул и ја засилува улогата на своите сунитски сојузници, се уште ги задржува своите сили во кампот Башика и покрај протестите од Багдад.

Исто така Турција го забавува блокирањето на 98 километри полициски надзор на границата кој служи како прозорец за ИД кон светот. Многумина, меѓу кои и од ирачката влада, прашуваат: зошто ако Турција е искрена во борбата против ИД таа не ја исчисти својата граница од тие терористи? Дури сега Турција почна да гради бетонска ограда по тој раб на границата, за да стави крај на тие обвиненија.

Турција директно се спортивставува на дејствата на курдските Сили за заштита на народот, за тие да не би создале коридор во Џараблус, кој сеуште се наоѓа под контрола на ИД.

Во момент кога Турција ги засили воените дејствија против своите сопствени курди, нејзината воена активност по границата беше сериозно ограничена од опасноста дека Русија може да се одмазди откако Турција урна еден од нејзините бомбардери. Турција во моментов е во ситуација да стои мирно во сопствената игра, туку остава разгорување на општ фронт против ИД.

Сега на ред е нова варијанта за примена на турскиот план кој предвидува распоредување на сили пријателски кон неа во Џараблус, во случај ИД да биде протерана. Кои се тие сили кои ќе бидат оставени? „Братучедите“ на ИД - Фронтот Ал Нусра и Ахрар аш Шрам (Исламско движење на слободните луѓе во Сирија). Турција изгледа е на опасен пат да користи посредници за своите битки.

Нема сомнение дека тие органзиации ќе се претворат во главоболка за Турција, исто како што се случи и со ИД.