Балкан
12. April 2016 - 12:43

Зошто свекрвата на брутално убиената пејачка не дојде на погребот

Свекрвата на брутално убиената пејачка Јелена, Зорица Маријановиќ е најтаинствената личност во семејството и многумина се сомневаат дека таа крие некоја тајна која би можла да доведе до решението на злосторството кое го потресе Балканот. 
 
Таа се занимава со биоенергија и надрилекарства и токму во тоа лежи нејзината причина за чудното однесување. Иако за сега нема никакви индиции дека тоа со што се занимава Зорица на било каков начин е поврзано со убиството на Јелена Крсмановиќ кое се случи на 2. април, многумина сметаат дека оваа мисериозна жена целото злосторство го прави уште потешко и покомплицирано. 
 
Таа ниту еднаш не се појавио во јавноста, ниту дала изјава откако настрада Јелена дури не се појавила ни на нејзиниот погрев, што на многумина тоа им беше чудно. 
 
- Со неа не можете да разговарате, ниту таа смее да даде било каква изјава за медиумите, поради тоа што го работи. Исто така, Зорица не смее да се приближува до гробиштата, и поради тоа не беше  на погребот на Јелена, како и на испраќањето на многу други драги луѓе, раскажува свекорот Владимир Марјановиќ.
 
Тој на новинарите кои вчера го посетиле во семејниот дом, рекол дека неговата жена не смее да се доближува до гробиштата бидејќи таму има лоша енергија и на тој начин да не ја загрозува својата енергија. 
 
- верувајте дека на неа и беше многу тешко поради тоа што својата снаа Јелена многу ја сакаше, рекол Владимир и открил дека појавувањето на неговата сопруга во јавноста би и наштетило на неа. 
 
- КОга  нешто би кажала пред новинарите, тоа би се толкувало како рекламирање кое не е дозволено кога помагате на луѓето со вера. И покрај тоа би биле на удар за разноразни бели и црни магии, како и секта, додал свекорот. 
 
- Тогаш целото семејство би било загрозено, бидејќи ние работиме со помош на Бог и така како што  Исус рекол, а сите кии работат поинаку само за да заработат пари, тие се на страната на ѓаволот, рекол тој. 
 
Како што пренесува Телеграф.рс Владмир на крајот на новинарите дури им се заканил со натприродните моќи на својата сопруга. 
 
- Не можам да влијаам на тоа што ќе напишете, но ве молам да знаете дека во животот се се враќа. Ако на било каков начин и наштетите на Зорица, тоа на вас ќе ви се врати. Така да внимавајте, на овој свет таа е многу јака, додал тој