Здравје
11. February 2016 - 11:38

Зошто не треба да ги фрлате лушпите од јајцата

Кога ги подготвувате јајцата дома што правите со лушпите? Ако ги фрлате во кантата за отпадоци, губите можност да си го подобрите здравјето.
 
Лушпите од јајца содржат 90% калциум кој во голема мера му е потребен на вашиот организам.
 
Калциумот не само што е неопходен за да имате здрави коски, туку и нерви, мускули... Хемиски гледано, калциумот кој се наоѓа во лушпите е истиот оној калциум од кој се направени вашите коски и заби.
 
Според неколку истражувања направени во Американскиот национален институт за здравје, правот направен од лушпите од јајца лесно се апсорбира во организмот и овозможува бројни здравствени придобивки во кои се вклучени и зацврстување на коските, намалување на холестеролот и крвниот притисок.
 
Половина лажица прав од лушпи содржи околу 1.000 до 1.500mg калциум што е 90% од дневната препорачана доза за возрасен човек.
 
Постои едноставен начин како можете да ги употребите лушпите:
 
1. Ако лушпите претходно не сте ги вареле, варете ги околу 10-на минути за да ги убиете штетните бактерии.
 
2. Потоа оставете ги да се оладат и истолчете ги додека не добиете чист прав.
 
3. Чувајте го правот во претходно стерилизирана тегла.
 
Можете да го користите како додаток во исхраната, во наутро во житарици или смутија.