Зошто февруари има само 28 дена?
На секои четири години има 29, но сепак помалку од другите месеци во календарот. Сите го сметаат јануари за најдолгиот месец бидејќи е исполнет со празници и прослави, а има 31 ден па ви снемува пари некаде на пола месец – логично е февруари да биде пократок за да се „покриете“ некако со расходите.
Сепак, причината зошто февруари има најмалку денови од сите месеци датира од времето на римскиот календар со 10 месеци што почнувал во март и завршувал со декември. Токму така, јануари и февруари воопшто не постоеле.
За Римјаните, кои го правеле календарот според сезоните на сеење и жнеење, зимата била едно безимено, небитно купче денови. За тој дел од годината едноставно немало систем за водење евиденција за деновите.
Пред да дојде на власт вториот крал на Рим во 750 година пред н.е. Римјаните решиле да додадат уште два месеци во годината за да се синхрониираат попрецизно со 12-те лунарни циклуси.
Тие два месеца, јануари и февруари, имале по 28 денови, а потоа кралот решил да му додаде уште еден ден на јануари, за да има годината 355 денови. Парните броеви во тоа време се сметало дека носат лоша среќа и година со 354 дена била просто неприфатлива.
Календарот имал уште маани. Следењето на лунарниот циклус функционирало добро неколку години, но за некое време годишните времиња почнале да се поместуваат од месеците што им биле назначени.
За да го поправат тоа, Римјаните вовеле престапен месец што го нарекле Мерцедониус. Врховниот свештеник на Рим одлучувал когаа ќе се воведе тој месец и никој друг во градот не можел да води сметка кој ден е. Сигурно претпоставувате дека ова се претворило во вистински кошмар.
Кога Јулие Цезар дошол на власт, одново направил пресметка на календарот и направил израмнување на календарската година со сончевиот циклус, па секоја година имала 365 дена. Од некоја непозната причина, на февруари му оставил само 28 денови.
Повеќето луѓе ќе се согласат, воопшто не му замеруваме на ваквата одлука. Февруари треба да биде краток, побрзо да се опоравиме од јануари, да ја оставиме зимата зад нас и да се радуваме на доаѓањето на март и пролетта.
Ново на Сител
-
Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава
-
„Новогодишна кошница“, најавени 900 производи со пониски цени, инспекторите на терен
-
Избодена девојка пред ресторан во Белград
-
Маж од БиХ скршил рампа на граничен премин со Хрватска, удрил во полициска блокада па загинал
-
Едно лице загина во пукање во американска воена база во Џорџија
-
Русија и Украина ги сменија командантите на најважното бојно поле
-
Забрана за товарни возила на патот Гостивар – Стража
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег