Бизнис
4. January 2022 - 21:16

Зошто е укината дневната тарифа на струјата?

Укинувањето на евтината дневна тарифа беше неизбежно, затоа што на долг рок беше неодржливо. Во време на енергетска криза, државата дневно, тие 2 часа евтина тарифа ја чинеа 100 илјади евра, вели првиот човек на Регулаторната Комисија Бислимовски.  

-Купуваме за 15 денари, плус маржа 2 денари, значи 17 денари, а ја продаваме на крајните потрошувачи за 3,5 денари, тоа е разлика од 13,5 денари или 100 илјади евра дневно, изјави Марко Бислимовски, престедател на Регулаторната Комисја за енергетика. 

Веќе се прават измени, кои ќе стартуваат од 1 јули – побогатите да плаќаат повисоки сметки за струја.  Моделот на скалество плаќање се подготвува. Бислимовски смета дека граѓаните кои се греат на струја, се богати, затоа е фер е да плаќаат повеќе. 

Иако поскапо, неизвесно е и снабдувањето со парно во главниот град. Бислимовски вели – само во случај да не работи ТЕТО, ќе има гас, ако работи, ќе си го користи за сопствени потреби. Повика на солидарност,  односно половина од сумата за набавка да ја покрие градот Скопје, а половина општината. Во спротивно, може да се случи колапс и на енергетскиот систем.

-Ако се префрлат на струја овие домаќинства, се доведува во прашање дистрибутивната мрежа дали ќе може да издржи. Затоа да се помогне, повика Бислимовски.

Проблемот за компаниите кои изминатиов период се соочија, покрај со зголемени цени, и  со откажувања на договорите од страна на снабдувачите со струја, Бислимовски очекува да се надмине со измените во Правилникот. Таму ќе се заострат критериумите за издавање лиценци, но ќе има и клаузули за да не можат да ги раскинат без основ договорите.