Зошто Џулија Робертс беше боса во Кан

Џулија Робертс на премиерата на нејзиниот нов филм „Money Monster“ каде игра заедно со Џорџ Клун се појави во прекрасно издание, како и секогаш, освен со еден детал. Актерката носеше раскошен црн фустан од Армани, но нешто очигледно недостасуваше - нејзините чевли.
Дали чевлите и биле неудобни, дали станувало збор за шега или се работеше за нешто друго?
„Венити Феар“ нагаѓа дека нејзина одлука да ги соблече чевлите е поврзана со минатогодишниот инцидент кога на група жени наводно им било оневозможено влез, затоа што немале високи потпетици.
Група 50-годишни жени на прикажувањето на филмот „Carol“ се појавиле во чевли без потпетици и заради тоа не им било дозволено да го гледаат филмот. Screen Daily јави дека фестивалот одби да коментира за целата ситуација, но „потврдија дека обврска на сите жени е да носат на црвениот килим високи потпетици за проекцијата на филмови“.
Ова не е првпат Џулија да ги соблече своите чевли во текот на некое важно случување. Во 1993 година на свадбата на кантри пејачката Лили Ловет исто така беше босонога.
Актерката е позната по својот отпор кон наметнатите родови улоги. Во 1999 година на премиерата на филмот „Notting Hill“ се појави со несредени пазуви, што за жена тоа беше есктремно шокантно. Токму од таа причина, таблоидите веруваат дека Џулија ги соблекла чевлите од многу позначајни причини отколу што е чиста неудобност на високи пети.
Дури и босонога, презеде голем чекор за жените во целиот свет.
Ново на Сител
-

Во тек акција на МВР за сузбивање на трговија со дрога и оружје
-

Сончево со мала локална облачност до средината на следната седмица
-

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира - САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025
-

МВР: Во септември санкционирани 1.803 возачи на велосипеди и мотоцикли, одземени 88 мотоцикли
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Зеленски: Путин не е заинтересиран за мировни преговори, извозот на дизел во САД само ќе му ги наполни џебовите
-

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија
-

Приведени две лица поради нелегална сеча на дрва
