Зорица си ја отвори душата: „Проститутка сум, морам ради, затоа со маж ми плачеме ноќе“
Касиерка од Белград вели дека нејизната плата не е доволна за ништо, сопругот не може да најде работа, а нејзиното синче ќе тргне на училиште, па затоа морала да најде дополнителна работа. 32-годишната Зорица М. вели дека немала друг начин да преживее освен тој да се занимава со најстариот занает на светот - проституцијата.
Нејзиниот сопруг затвара очи на тоа што таа го прави во доцните часови, бидејќи знае дека друг начин нема.
- Не го правам тоа зошто го сакам или зошто сакам бесна кола, дијаманти и бунди...сакам само добар живот за семејството, вели жената за српскиот Курир.
Нејзиниот сопруг го повредил рамото, веќе не е работоспособен и морал да земе инвалидска пензија. Паднал од скеле и ја повредил и кичмата.
Во новата работа ја одвела нејзина колешка од работа, која и признала дека за повеќе пари се среќава со мажи навечер и им нуди сексуални услуги.
- Со сопругот плачевме заедно цела ноќ, се прашувавме како може да дојдеме до ова. Мака ми е, не уживам, но морам, вели Зорица.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори