Зоран Нарашанов, нов претседател на Европската бизнис асоцијација

Европската бизнис асоцијација (ЕБА) со едногласна одлука на членовите на своето редовно годишно Собрание, за нов претседател на асоцијацијата го избра Зоран Нарашанов, главен извршен директор на Винер Осигурување.
Како што се посочува во соопштението од ЕБА, покрај постојните, како нови членови на Одборот на директори на ЕБА беа избрани и Гоце Вангеловски од Кроација Осигурување и Арбен Абдурахмани од компанијата Везе Шари.
Зоран Нарашанов зад себе има големо искуство на раководни позиции. Својата кариера ја гради работејќи и раководејќи широк спектар на проекти во рамките на Програмата за развој при Обединетите Нации и Светската Банка, и извршувајќи највисоки раководни функции во Кјуби и АД Македонски Телекомуникации.
На редовното Годишно собрание, што се одржа на 20 мај, членовите на ЕБА одлучуваа и расправаа по повеќе точки меѓу кои и усвојување на ревизорскиот Извештај за 2015, усвојување на Извештајот за работење за минатата година, усвојување на буџетот и планот за работа за наредната година.
Европската Бизнис Асоцијација (ЕБА) е независна и непрофитна бизнис заедница составена од европски претпријатија и поединци кои работат во земјата, од домашните претпријатија и поединци кои работат со ЕУ, како и невладини организации кои имаат интерес во промовирањето на економијата во земјата и социјалниот развој, како и негување на односите на земјата со ЕУ.
Ново на Сител
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
-

Пожарот кај селото Бајково и понатаму активен, но под контрола
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, граѓанска иницијатива ,,Шанса за Центар"
-

Ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за случајот со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-

Условна казна затвор од една година доби екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска
