Зоран Илиоски: Новата населба „Златен рид“ во Битола ќе доживее градежна експанзија

Новата населба „Златен рид“ што се наоѓа во поранешната касарна во наредните четири години ќе добие градежна експазија, најави кандидатот за градоначалник на општина Битола од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Зоран Илиоски.
- Ќе продолжиме да создаваме услови за нови колективни и индивидуални градежни инвестиции кои индиректно ќе значат раздвижување на економијата на цела општина Битола. Ќе изградиме и асфалтираме уште три нови улици, а ќе биде изградена и атмосферска канализација за 13 улици, во вкупна вредност од 53.000.000 денари. За блоковите АРМ 1 и АРМ 2 предвидуваме и изградба на нова нисконапонска кабловска мрежа и улично осветлување во вредност од 7.350.000 денари, истакна Илиоски.
Урбанистичкото планирање, додаде дека е важно за раздвижување на градежниот сектор. Во мојот мандат предвидувам и донесување Генерален урбанистички план, како основен и клучен документ во натамошниот урбанистички развој на Битола.
Ново на Сител
-

ЛШ: Минимален пораз за Вардар на гостувањето во Полска
-

На комисиска расправа Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво
-

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“
-

Сончево со мала до умерена облачност
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
