Зоран Герасимовски избран за в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје, Ндерим Полиси на Основниот суд Струга

Судскиот совет на денешната седница го избра судијата Зоран Герасимовски за вршител на должноста претседател на Апелацискиот суд Скопје откако досегашната претседателка Мери Дика вчера беше избрана за судијка на Уставниот суд.
За в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје беа предложени Тања Милева и Зоран Герасимовски, а Советот одлучи функцијата привремено да ја извршува Герасимовски. Истовремено, беше донесена одлука за распишување оглас за избор на претседател на Апелацискиоит суд Скопје.
Судскиот совет донесе и одлука за мирување на судиската функција на Мери Дика по нејзиниот избор за член на Уставниот суд.
На седницата беше разгледано и барањето на судијата на Основниот суд Охрид, Вулнет Винца, за продолжување на вршењето на судиската функција и по исполнувањето на условите за старосна пензија. Советот го отфрли барањето поради пропуштање на рокот за доставување на потребната изјава.
Воедно, Судскиот совет констатира дека Винца ги исполнил условите за старосна пензија. Со оглед дека ја извршувал и функцијата претседател на Основниот суд Струга, беше неопходно да се избере вршител на должноста претседател на судот.
За в.д. претседател на Основниот суд Струга беа предложени Танче Петрески, Ндерим Полиси и Соња Ѓонческа, а Советот го избра Ндерим Полиси. Донесена беше и одлука за објавување оглас за избор на претседател на Основниот суд Струга.
Судскиот совет на денешната седница констатира и дека Татјана Сусулевска, судијка на Апелацискиот суд Битола, ги исполнува условите за старосна пензија.
На крајот од седницата беа формирани комисии за увид и оценка во постапките за избор на претседател на Апелацискиот суд Скопје и на Основниот суд Струга.
МИА
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
