Зоолошката во Штип доби две срнички

Зоолошката градина во Штип доби две срнички, едната е најдена во шума во Пијанечкиот регион, а втората се родила во ЗОО градината.
Според директорот на ЈП „Исар“ - Штип Ангел Бојаџиев, вработените и посетителите се грижат за малата срничка која е најдена во шума.
- Срничките се вистинска атракција. Најдената ја прихрануваме и е во добра здравствена состојба, а за срничката што се роди пред две недели направивме ново живеалиште во кое е заедно со мајката, рече Бојаџиев и најави дека во наредниот период ќе се набават и нови животни во Зоолошката.
- Условите за живот на животните се добри. Се грижиме за нив, сите вработени се ангажирани максимално, истакна Бојаџиев.
Влезот на Зоолошката градина во Штип е се уште слободен, а посетителите можат да донираат средства за храна на животните.
Ново на Сител
-

Берсе од Скопје: Наскоро решение за пресудите на ЕСЧП против Бугарија
-

Одбележан 7 мај – Денот на македонската полиција
-

10 претстави во официјална конкуренција на 60-от МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Ново Село ќе добие модерен пазар вреден над 8 милиони денари
-

18 општини чекаат изведувач на регионалната депонија кај Мечкуевци
-

Преглед на вестите од светот
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
