Зоолошката градина во Штип доби мече
Штипската зоолошка градина доби машко мече, кое е подарок од проф.д-р Јовица Угриновски.
Директорот на ЈП „Исар“ - Штип, Ангел Бојаџиев истакна дека новиот жител на Зоолошката градина ги има сите услови за живеење.
- Живеалиштето е подготвено, го вселивме и мечето веќе се запознава со самото живеалиште. Голема благодарност до професорот, кој не само што го донираше мечето, туку целата грижа околу исхраната ќе биде негова до крајот на животот на мечето, посочи Бојаџиев.
Мечето е од расата Урсиде, кое во рацете на докторот Угриновски дошло кога полиција му го донела повредено за да го спаси. Тоа првично било згрижено во Зоолошката градина во Скопје, од каде со посебна процедура е пренесено во Штип.
- Најдено е напуштено на превојот Блаце од припадници на специјалните единици. Ми го донесоа мене, имаше повредена задна десна нога. Го оперирав и го чувам од малечко досега. На возраст е од година и седум-осум месеци и околу 80 килограми тешко, рече Угриновски.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице