Зоолошката градина во Битола со дополнително греење за кафезите на животните

Јавната општинска установа „Зоолошка Градина“-Битола врши дополнително греење за кафезите, животинскиот свет е згрижен и не се изложува на ниските температури.
Според директорот Ѓоко Дамевски, благодарение на навремено извршените подготовки за работа на ЈОУ „Зоолошка Градина“-Битола во зимски услови и обезбедените резерви храна, не е забележан нити еден проблем кај животинскиот свет.
- Во „Зоолошката Градина“ имаме 254 животни единки од 67 животински видови кои се сместени во 35 објекти. Во овој момент сите животни се здрави, згрижени со обезбедена храна и греење. Посебно топловодно греење е инсталирано за најновиот жител во Градината, нилскиот коњ „Берта“, кој е сместен во целосно автоматизирано живеалиште кое има сонди во водата, сензори во воздухот и дополнително подно греење, а се греат кафезите на мајмуните и на други животни кои се чувствителни на ниски температури, истакна Дамевски.
Од ЈОУ „Зоолошка Градина“-Битола информираат дека во пресрет на студениот и снежен бран обезбедиле 3 тони месо и луцерка, резервна храна за до крајот на идниот месец.
- Единствен проблем е свежата вода, бидејќи таа кај отворените живеалишта брзо мрзне, но затоа пак нашите екипи постојано ја менуваат со цел да нема ни такви проблеми. Паралелно со грижата за животинскиот свет размислуваме и за обезбедување нови животни кои најчесто ги добиваме од нашите потврдени поддржувачи, зоолошките градини во Скопје и Белград. Како што е познато лани од Белград добивме питон, боа, меркати, непалски рисови и лебеди, а од Скопје го добивме атрактивниот нилски коњ „Берта“ и други животни за кои секојдневно професионално се грижиме, потврди Дамевски.
Ново на Сител
-

Продолжува гаснењето на пожарот во централна Грција – во текот на ноќта евакуирани села
-

Мигрантската криза во Сеута повод за меѓусебни обвинувања помеѓу Мадрид и Ерусалим
-

„И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката – Македонија мора да носи одлуки врз основа на знаење, а не на притисоци
-

Претрес во Кочани, пронајдени над 160 грама кокаин и марихуана, приведено едно лице
-

Тројца приведени кај Блаце за криумчарење стока од Косово, одземени две возила | ФОТО
-

Пад на закупите на недвижности, најбарани деловните простори
-

Три лица приведени во Скопје по обид за подигнување кредит со фалсификувана документација
-

Зголемена фреквенција на Табановце и Богородица, чекањата до еден час
