ЗОО Скопје во сабота ги отвара вратите за посетители

Зоолошката градина во Скопје соопшти дека повторно ќе биде отворена за посетители од сабота откако во октомври беше потврден случај на птичји грип.
-Ве известуваме дека од оваа сабота (09.11.2024) Зоолошка градина на град Скопје повторно ќе биде отворена за посетители со редовно работно време од 09:00-16:00 секој ден. Да уживаме заедно во убавите есенски и сончеви денови, ве очекуваме, стои во објавата на Фејсбук.
ЗОО Скопје беше затворена за посетители откако беше потврден случај на птичји грип. Беше спроведен надзор и хумано убивање на 24 патки, шест гуски, пет кокошки и една чавка. Беа наредени мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во Зоолошката градина за присуство на вирусот, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел сузбивање на болеста и спречување на нејзино ширење надвор од Зоолошката градина кај животните и кај луѓето.
Ново на Сител
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
-

Алиу: Да ги почекаме институциите
-

Полицијата во акција против пиротехника
-

Одбележани 6 години Интервентна полиција
-

Преглед на вестите од светот
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
