ЗНМ: Запалено возило на новинарка
Здружението на новинари на Македонија најостро го осудува инцидентот во кој беше запалено возилото на дописничката на порталот САКАМ ДА КАЖАМ.МК, Сузана Вренцовска, од Охрид.
Возилото било запалено на 05 јануари 2024 година, во дворот на семејната куќа, во гаражата каде што било паркирано. Според првичните информации, постои сомнеж дека станува збор за намерно предизвикан акт, велат од ЗНМ.
„ Ова не е изолиран инцидент. Во октомври 2024 година беше запалено и возилото на колегата Благој Серсемов, уредник на локалната телевизија и онлајн медиум М-нет од Штип. Иако мотивите за овие напади сè уште не се утврдени, важно е да се истакне дека ваквите инциденти, доколку немаат правна разрешница, може да создадат чувство на несигурност меѓу новинарите и да ја поткопаат нивната работа во служба на јавниот интерес“, се вели во реакцијата на ЗНМ.
Од таму ги повикаа институциите да го расчистат случајот, а сторителите да бидат идентификувани и соодветно санкционирани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава