ЗНМ: Потребен развој на дописничката мрежа, за навремени и точни информации
Дописничката мрежа во земјава континуирано се соочува со намалување на бројот на дописници, пред се поради финансиски причини. Најголемиот дел од дописниците работат на определено време или со хонорарни договори, што им предизвикува чувство на несигурност, имаат недостиг на опрема за работа, а се соочуваат и со притисоци од различни центри на моќ, покажуваат податоците на Здружението на новинари на Македонија.
Затоа, сметаат дека е потребно националните медиуми и оние кои зрачат на ниво на целата држава, како и печатените медиуми да го зголемат бројот на дописници и да ги вработат со полно работно време. Тоа, според ЗНМ, треба да овозможи и поквалитетни, навремени и точни информации.
-Анализите ни укажуваат дека има нагласена потреба од законска регулатива која ќе им наложи на сите национални медиуми да ангажираат дописници. Во време кога медиумите се ранливи, а во исто време нападнати од дезинформации, се наметнува потребата од точно, навремено и сеопфатно известување, со цел јавноста да добие целосна слика која нема да доведува во заблуда поради нецелосносто, задоценето или шпекулативно пласирање на информации, рече на денешната промоција на публикацијата „Статус и потреба на дописниците во Република Северна Македонија“ претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски.
ЗНМ предлага МРТ да озбезбеди развој на дописништвата во секој од осумте плански региони, со по најмалку двајца новинари и по двајца сниматели, и сите да бидат вработени со полно работно време. МИА треба да наперави проценка колку дописници се потребни за ефикасно покривање теми и сите да бидат со полно работно време. Според ЗНМ, идното раководство на МРТ во соработка со МИА треба во секој плански регион да обезбеди работен простор и средства за работа.
Исто така државните печатени медиуми на национално ниво треба да имаат по најмалку тројца дописници. Телевизиите кои зрачат на целата територија од минумум 30 вработени, четири треба да се дописници со полно работно време, а кај кабелските телевизии од минимум 10, двајца.
Од ЗНМ најавуваат дека од утре ќе имаат серија средби со дописниците од земјава со кои дополнително ќе водат разговори за нови дополнителни информации. Оваа анализа и препораки ќе ги достават до сите медиуми на кои таа се однесува.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
-

Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата

