Македонија
1. September 2023 - 16:42

ЗНМ: Да се расчисти инцидентот во Град Скопје

Здружението на новинари реагира во однос на вчерашниот инцидент кој се случи по седицата од која новинарот на Сител Мартин Арсов известуваше и бара од администрацијата на градот да го расчисти до крај случајот за да нема шпекулации во јавноста и ризик од слични инциденти во иднина. 

Новинарот на Сител на социјалните мрежи извести дека бил вербално и физички нападнат од портпаролката на Град Скопје, Кристина Депо која пак во допис до ЗНМ демантирала дека физички го нападнала новинарот.

- ЗНМ укажува дека службениците кои се одговорни за односи со јавноста на градската администрација треба да одржуваат коректен пристап во комуникација кон новинарите со цел градење на меѓусебна доверба и почит, а и во интерес на информирање на граѓаните. Тие како и сите останати службеници мора од централната и локалната власт не смеат да се стават во улога на рецензенти во искажаните зборови на новинарите со што на тој начин се прави притисок во известувањето и се оневозможува професионално работење. Доколку било кој службеник има забелешки за работата на новинарите на располагање ги имаат само регулативните механизми каде може да достават претставка до Советот на честа при ЗНМ или Советот за етика на медиумите во Македонија, известија од ЗНМ.