Знаме со карта на „Голема Албанија“ на концертот во Тетово организиран за косовскиот премиер Курти
Знаме со карта на таканаречена „Голема Албанија“ која опфаќа делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се вееше на вчерашниот концерт, кој Општина Тетово го организираше по повод пречекот на косовскиот премиер Албин Курти. Оваа фотографија е поставена на официјалниот профил на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук. На настанот беа и Иџет Меџити и Африм Гаши.
Пред концертот на публиката и се обратија и Албин Курти и Биљал Касами.
-Северна Македонија треба да биде што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија која не се дистанцира ни од Милошевиќ, ни од Путин. Вака Северна Македонија ќе биде што поблиску до зачленувањето во ЕУ, а нашиот регион на Балканот ќе биде побезбеден. Поради ова ние треба да и помагаме и ќе ја поддржиме Северна Македонија, истакна од говорницата Албин Курти.
Претходно во текот на вчерашниот ден Курти беше во посета на Општина Тетово, а потоа со градоначалникот Билал Касами заедно потоа го посетија планинското село Вејце. Двајцата се заложија за побрза изградба на патниот правец Тетово - Призрен кој би минувал низ Шар Планина.
Ново на Сител
-
Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна
-
Земјотрес почувствуван во источниот дел на Македонија
-
Приведено лице во Скопје поради предизвикување пожар
-
Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско, кај Заполски мост
-
Портокалова фаза на територија на цела држава, Владата со препораки за превенција
-
Кина и САД најуспешни нации на Олимписките игри 2024
-
Изгоре единственото возило на ДПД Пехчево - Нема повредени
-
Делови од Карпош, Ѓорче Петров и Арачиново утре без струја