Значително зголемен приливот на нелегални мигранти во Германија
Германската сојузна полиција регистрирала драстичен раст на нелегални влезови на мигранти во Германија преку границата со Швајцарија, денеска соопшти полицијата.
-Во јули од Швајцарија во Германија нелегално влегле 1.008 мигранти, а во јуни 1.065, што претставува значаен раст во однос на април, кога во Германија влегле 464 мигранти и мај, кога беа регистрирани 293 нелегални преминувања на границата, рече портпаролката на Сојузната полиција во штудгарт.
Најголемиот број мигранти кои нелегално влегле преку таа граница се со потекло од Еритреја, Гамбија и Етиопија, што укажува дека мигрантите доаѓаат преку средоземната бегалска маршрута.
Од Италија може се стигне во Германија и преку Австрија но, како што наведува агенцијата Хина, таа земја ја засили контролата на јужната граница па мигрантите сега се одлучуваат за маршрутата преку Швајцарија, која се уште не вовела засилени контроли.
Ново на Сител
-
На Токсикологија нема пациенти кои го следеле „Тикток“ предизвикот со парацетамол
-
Обвинителот побара доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
530 возачи казнети во Скопје, 238 за пребрзо возење, 43 за возење без возачка, 10 под дејтсво на алкохол
-
Се чека одговорот на членовите на Судскиот совет
-
Еуроактив: Бугарија нема да попушти
-
Муцунски во посета на Австралија
-
СДСМ: Мицкоски потрошил 60.000 евра на социјални мрежи
-
Малолетниците кои кршат по паркови ќе работат општокорисна работа