Фудбал
20. January 2018 - 11:16

Значајна победа на Олимпик Марсеј во трката за висок пласман

 
 
Екипата на Олимпик Марсеј забележа значајна победа во трката за висок пласман во фудбалскиот шампионат на Франција. 
 
Тимот од Марсеј забележа победа со 2-0 на гостувањето кај Каен во воведниот меч од 22.коло на Лига 1. 
 
Сепак, не беше така лесно за фудбалерите на Олимпик, кој отвпорот на жилавиот домаќин го скршија во вториот дел. Првиот гол го постигна Димитри Паје, Димитри во 55.минута од пенал, а вториот беше дело на Флориан Товен во 74 минута. 
 
Со новите три освоени бодови, Олимпик Марсеј се проби на второто место на табелата, сега има вкупно 47, два повеќе од трето рангираниот Олимпик Лион, односно четири повеќе од Монако кој е на четвртото место. 
 
Лидерот на табелата ПСЖ кој има 56 бодови, утревечер го игра дербито против Олимпик Лион и тоа на гостински терен.

Ново на Сител