Змија се преправа дека е мртва откако видела дека не може да избега!

Кога забележала дека во нејзина близина се наоѓа потенцијална опасност, голема црна змија која се обидувала да побегне направила нешто што ретко се гледа.
На видеото се гледа како змијата во моментот кога човек ја зема во раце глуми дека е мртва.
Иако постојат видови кои на сличен начин се бранат од други грабливци, во конкретниот случај не станува збор за вообичаен одбранбен механизам.
Кристијан Вајли, експерт за змии изјавил дека многу се мали шансите змијата да ја одглумила смртта намерно како дел од одбранбен механизам.
Тој смета дека поголема е веројатноста да станува збор за болна или повредена змија која едноставно е исцрпена па изгледа како мртва.
Која и да е причината поради ваквото однесување на змијата, тоа е необично и не се гледа често!
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е лицемерен
-

2025-та поразителна за текстилната индустрија
-

Струмичани Новата година ќе ја дочекаат скромно, без големи трошоци
-

Преглед на вестите од светот
-

Деспотовски: Не правам нова партија, ама мојата СДСМ е узурпирана од поединци
-

Тема на денот со Јован Деспотовски
-

,,Македонски етимолошки речник“ од авторот проф. д-р Гоце Цветановски
-

Измени во Законот за финансиски друштва и еврообврзница од милијарда евра поделена на два дела, најавува министерката Кочоска
