Злоупотреба на функција и бесправно градење - обвиненија против поранешниот директор на струмички „Комуналец“

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднела кривични пријави против поранешен директор на струмичко јавно претпријатие за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и за „бесправно градење“.
-СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднела кривична пријава против З.Г. (56) од Струмица - поранешен директор на Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец Струмица, против јавното претпријатие, против Г.Б.(52) од Струмица и против правно лице од Струмица поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244-А во врска со член 22 од Кривичниот законик. Имено, јавното претпријатие, застапувано од З.Г. и правно лице, застапувано од Г.Б., со заеднички дејствија изградиле објект од втора категорија, кој се користел како деловен објект, без притоа да биде издадено соодветно одобрение за градење од општина Струмица. СВР Струмица поднесена кривична пријава поранешниот директор на ЈКПД „Комуналец“ и поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во првиот случај, како што се наведува во соопштението, пријавениот З.Г. склучувал договори за закуп на простор пред објект - настрешница со правно лице од Струмица, која била бесправно изградена на зелена површина.
-Притоа, договорите биле склучувани со непосредна спогодба иако станува збор за користење на простор за кој согласно Законот за комуналните такси е потребно општината да издаде согласност и да наплатува комунална такса согласно тарифата. На тој начин е нанесена штета на буџетот на општина Струмица и била остварена финансиска односно имотна корист за ЈПКД „Комуналец“ Струмица во вкупен износ од 847.126 денари, соопштуваат од Министерството.
Во вториот случај, како што посочуваат од МВР, пријавениот ја злоупотребил службената положба на тој начин што во периодот од 2020 до 2023 година од истото правно лице вршел набавка на храна и угостителски услуги без да биде спроведена соодветна постапка за јавна набавка согласно Законот за јавни набавки со изговор дека храната била набавена за работници кои работеле прекувремено.
-Меѓутоа, во фактурите нема подетално објаснување за тоа што е набавено, односно во прилог на фактурите нема поткрепувачка документација од која може да се утврди кои лица користеле оброк, ниту пак дали работеле ноќе или прекувремено, а јавното претпријатие немало план за организирање на работа во смени. Со ваквите дејствија била причинета штета на јавното претпријатие во вкупен износ од 307.800 денари, информираат од МВР.
Ново на Сител
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
-

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот
-

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
