Злосторство кое го потресе регионот: Дедо му пукал на зетот во срце поради внуката
Полицијата во Крушевац вчера го уапси Чедомир С. (71) зошто го убил Иван М. (38), која тајно се гледал со неговата внука.
Нетрпеливоста која трае со години меѓу двете семејства од село Сушица кај Крушевац во саботата кулминирала со убиство и ранување.
Имено, полицијата од Крушевац го уапсила Чедомир С. (71) зошто го убил идниот зет Иван М.(38). Тој нему повеќе пати му се обраќал и го молел да престане да се гледа со неговата внука. Но љубовта била јака и момчето не се предавало.
-Некој од селото во саботата му рекол на старецот дека го Видел Иван со неговата внука како тајно се гледаат. Бесен поради тоа сознание , Чедомир ја зел ловечката пушка, седнал на тракторот и отишол во центарот на селото, вели извор.
Старецот пред продавницата „Сан“ го затекнал Иван.
-Дедото му рекол на Иван да се доближи малку да му каже нешто. А кога момчето дошло на чекор - два, Чедомир испалил куршум од пушката. Еден од двата куршуми го погодил Иван во градите. Несреќното момче издишало на самото место, вели извор.
Со другиот крушум бил ранет очевидец на трагедија.
Интересно е што мештаните велат дека Чедомир по убиството го свртел тракторот и со пушката се вратил дома каде и бил уапсен. Тој мирно и рекол на полицијата што и зошто се случило. На нивно барање ја предал и ловечката пушка.
На уапсениот Чедомир му е одреден притвор од 30 дена. Пред судот ќе одговара за тешко убиство и ранување.
Ново на Сител
-
Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени
-
Во вооружен напад во бар во Мексико 10 убиени и седум повредени лица
-
Претерување со шеќер и сол е штетно по здравјето
-
Стојановски освои сребро на Европското првенство во таеквондо за кадети
-
Македонските ракометари и гостуваат на Литванија
-
Путин го потпиша законот за взаемна одбрана со Северна Кореја во случај на воен напад
-
Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација
-
Состојба на патиштата