„Златни денови“ Кратово со богата музичка програма на 3 и 4 јули – два дена забава за сите генерации
Кратово и оваа година ќе биде домаќин на фестивалот „Златни денови“, која на 3 и 4 јули ќе понуди богата музичка програма и забава за посетители од сите генерации.
Првата фестивалска вечер, во петок (3 јули), ќе започне со етно-фолк настап на млади музичари, по што на сцената ќе настапи виртуозот на клавијатури Давор Јордановски, повеќекратен учесник на евровизиски проекти.
Во продолжение ќе следуваат настапи на познатите фолк имиња Благица Павловска, Миле Кузмановски, Стојне Николова и Тони Биоритам, придружувани од оркестарот на Мерак Меана. Вечерта ќе кулминира со настапот на Роберт и Панки, кои ќе ги изведат легендарните хитови на „Куку Леле“, а забавата ќе продолжи по полноќ со победникот на „Ѕвездите на Гранд“ Никола Станишиќ, кој ќе приреди концерт со најголемите балкански хитови.
Вториот ден, сабота (4 јули), започнува со настап на Лили и нејзината гитара, по што ќе настапи гостинот од Сараево Зијо Валентино. За помладата публика ќе пее Јанг Деди, а атмосферата дополнително ќе ја вжештат Амадеус Бенд. Финалето на фестивалот е резервирано за забава до зори со Диџеј Андреј.
3-ти и 4-ти јули, посетете го Кратово и бидете дел од забавата наречена „Златни денови 2026”.
Ново на Сител
-

Самарџиски во стручниот штаб на младинската кошаркарска репрезентација
-

Од денеска почнува исплатата на К-15: Mинималниот износ 19.116 денари
-

УХМР најавува невреме утре и во петок, од сабота стабилизација на времето
-

Уапсен тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена
-

Сотир Лукровски: Само оние кои не ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал, се враќам со нова енергија
-

Иран контра Трамп: Нема средба со американските претставници во Доха, туку само со катарски
-

СП 2026: Мексико осминафиналист
-

Macedonian Open 2026: Шест македонски тенисери во првото коло
