„Златна петорка“ освои Гран-при на фестивал во Америка

- На есенското издание на 36. Интернационален филмски фестивал во Њу Џерси македонскиот долгометражен игран филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски освои Гран-при за најдобар игран филм.
- Претходно филмот го вреднуваше 15-члена комисија составена од академици, професионалци и новинари, кои од вкупно 377 наслови од целиот свет го вброија меѓу 17 финалисти. Вчера, пак, по завршувањето на натпреварувачката програма, организаторите официјално ја соопштија конечната одлука за наградените. Ова е наедно и седма меѓународна награда за екипата на „Златна петорка“, која не успеа да го помине филтерот од Македонија за номинација за Оскар како филм од неанглиско говорно подрачје, соопшти продуцентската куќа „Револушн“.

Продукцијата додава дека филмската дистрибуција на „Златна петорка“ продолжува и понатаму на странските фестивали и во киномрежата низ Македонија.
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
