-->
-->
Златен бизнис на Борусија (Д), 38 милиони за Хумелс?!
-->
Германскиот шампион Баерн Минхен, на чија клупа од наредната сезона ќе седи Карло Анчелоти, ги договори првите две засилувања за новата сезона. Титулата во Лигата на шампионите следната сезона Баерн ќе ја напаѓа со португалскиот тинејџер Ренато Санчез и германскиот репрезентативец Матс Хумелс.
Ренато Санчез (18) изминатите некоку месеци беше поврзуван со неколку врвни европски клубови, но тој реши кариерата да ја протдолжи во Минхен. Младиот Португалец потпиша петгодишен договор, а Баерн на Бенфика ќе ѝ плати 35 милиони евра.
Во исто време кога беше официјализиран трансферот на Ренато Санчез, од Дортмунд стигна потврда дека Матс Хумелс (27) ќе се врати во Баерн.
Хумелс кариерата ја започна во Баерн, но по само еден одигран натпревар на 21-годишна возраст се пресели во Дортмунд.
Германските медиуми шпекулираат дека Борусија ќе заработи 38 милиони евра од продажбата на Хумелс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
СДСМ: Власта да ги прифати нашите предлози
-
Граѓаните да не наседнуваат на измамите по телефон
-
Инвестиција од 300 милиони евра за изградба на соларен парк „Стипион“
-
Се зголемува бројот на пациентки со рак на дојка