-->
-->
Зимската баскет лига стартуваше со триумф на „Кино Влае“
-->
– Со триумф на екипата на „Кино Влае“ заврши првиот од предвидените четири квалификациски турнири од второто издание на зимската баскет лига.
Во денешното финале во СРЦ „Кале“, „Кино Влае“ го совладаа тимот на „Баду 3×3“, додека третото место и припадна на екипата на „Црно црвено“.
Вториот квалификациски турнир во рамки на зимската 3×3 баскет лига е предвиден за крајот на јануари идната година.
Секој квалификациски турнир има награден фонд од 200 евра за првопласираната и 100 евра за второпласираната екипа.
Наградниот фонд за финалниот турнир е десеткратно поголем од лани и изнесува 2.000 евра за шампионот, 1.000 евра за второпласираната екипа, како и 500 евра парична награда за третопласираната екипа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата