Бизнис
24. September 2018 - 19:32

Зимницата е луксуз годинава - цените на пазарите значително зголемени

Годинава ајварот е луксуз за граѓаните. Во екот на сезоната за зимници, пиперката ајварка на пазарите се продава по 60 денари килограм. Доматите чинат 80, 100, па дури и 130 денари за килограм. Граѓаните се жалат дека годинава ќе останат без домашен ајвар.

Пазарџиите објаснуваат дека сезонава зеленчукот е поскап од вообичаено бидејќи временските неприлики го преполовиле родот.

И купувачите и пазарџиите велат дека за само неколку дена цената на пиперките двојно се зголеми. Претходно ајварката се продаваше по просечна цена од 30 денари за килограм.