Зијадин Села единствен кандидат за претседател на Алијансата на Албанците
Зијадин Села, актуелниот претседател на Алијансата за Албанците ќе биде единствениот кандидат на оваа партија на следниот конгрес што ќе се одржи на 27 март. Ситуација што не ги исклучува толкувањата дека албанските политички партии во земјава се султан – партии! Сепак, Села не се согласува со ова и вели дека неговиот политички субјект е еден од најлибералните и најдемократските субјекти во државата.
-Статутот на Алијанса е меѓу најлибералните и најдемократските во земјата, можете да го земете и да го проучите. АА го ограничува мандатот на партискиот претседател на два мандата, АА ја легитимира фракцијата внатре во партијата, без која до денес никој не го остварил ова право AА не анатемираше ниту еден член кој можеби кажал поинакво мислење дури и таму каде што не е местото. Јас како актуелен претседател на партијата го повикав секој член кој ќе биде и претседател на партијата да се натпреварува, да ја изрази својата кандидатура и да се натпреварува, рече Села.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега