-->
-->
Зидан ќе објави заминување од Реал, тренерот веќе разговарал со играчите
-->
Зинедин Зидан ќе ја напушти функцијата главен тренер на Реал Мадрид. Како што пишува новинарот Фабрицио Романо, вчера францускиот фудбалски стручњак веќе им ја соопштил својата одлука на сите со кои работи, а исто така разговарал и со играчите.
Зидан ќе ја објави својата одлука да го напушти Реал Мадрид заедно со претседателот на клубот Флорентино Перез.
Заедничката прес-конференција се очекува во текот на денот.
Враќајќи се во Реал по паузата, Зидан со клубот ги освои шпанскиот шампионат и Суперкупот на Шпанија. Во неодамна завршената сезона, Реал Мадрид се пласираше во полуфиналето во Лигата на шампионите и заврши на второто место во Ла Лига.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Училишниот прибор ќе поевтини за најмалку 10 и 15%
-
Заврши обуката на пожарникарите – утре 352 лица ќе потпишат договори за работа
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп