Зидан го фали Нојер
Реал, во средата, забележа победа во Минхен над Баерн 1:2, во првиот четвртфинален натпревар, во Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо ги постигна головите за „кралскиот клуб“, но неговиот учинок го засени неверојатниот голман на Баварците, Мануел Нојер, кој го спаси својот тим од дебакл.
Баерн не ја искористи предноста на домашниот терен во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампионите. Баварците загубија од Реал 1:2, а тимот во игра за полуфиналето го задржа Мануел Нојер.
Германскиот репрезентативец, во моментите кога беше исклучен Хави Мартинез и кога кога играта на Баерн целосно се распадна, успеа да одбрани неколку тешки топки и го спаси тимот од тежок пораз.
„Малку сме разочарани. Имавме многу шанси, мислам единаесет, но Нојер беше како вистински ѕид, кој не успеавме да го пробиеме“, разочарано го кометирал натпреварот по неговото завршување тренерот на Реал, Зинедин Зидан.
Нојер, во првиот дел со помош на гредата го одбрани ударот на Бензема, потоа беше поуспешен од Бејл, па два пати од Кристијано Роналдо, а импресивна беше неговата одбрана, во ракометен стил, иако Кристијано Роналдо шутираше од десет метри.
Реваншот во Мадрид ќе се одигра наредниот вторник, на 18.април.
Ново на Сител
-
Почина Дикембе Мутомбо
-
Драма во Скопје: Маж со нож ги одзел децата од мајката во прифатен центар
-
Жена нападната од поранешниот партнер - Ја натепал и нејзината малолетна сестра
-
82-годишен дедо полово вознемирувал тројца малолетници
-
Еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче во тешка здравствена состојба е пренесен во болница
-
Изминатата недела 45 случаи на Ковид-19, починати две лица
-
Индустриското производство намалено за 3,6 отсто
-
Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%