„ЖУРНАЛ“: Фрчкоски и Героски обвинуваат за диктатура, а заработуват милиони
Љубомир Данаилов Фрчкоски, еден од најгласните перјаници од опозицијата кој секојдневно обвинува дека во државата владее диктатура и дека е загрозена демократијата, одлично живее, а и повеќе од одлично заработува, пишува Журнал.
Според информациите кои биле анонимно доставени до редакцијата на порталот, од граѓаните што не се согласуваат со лицемерието на СДСМ и нејзините перјаници, Љубомир Фрчковски само во последните две години земал над 3.3 милиони денари.
Порталот објавува дека освен од Правниот факултет, Фрчкоски земал пари и од Институтот Прогрес, кој е партиски институт на СДСМ, формиран од членови на најтесното раководство на оваа партија, како и од соросовиот ФОРУМ ЦСИД, каде претседател на одбор е Ѓунер Исмаил исто од СДСМ, а програмски директор е Сашо Ордановски.
Според податоците на Журнал, приходите на Фрчковски добиени по разни основи се зголемуваат од година во година, односно ако во 2014-та заработил 1.634.170 денари, минатата година таа сума е зголемена на 1.743.500 денари.
Во групата на оние кои секојдневно се жалат од власта и обвинуваат за диктатура и недостаток од слобода, а од друга страна одлично заработуваат е и новинарот Бранко Героски, кој за две години заработил речиси 2 милиони денари, пишува Журнал.
Информациите на Журнал говорат дека од Здружението член 16 на чие име се води порталот Плусинфо, Героски има земено 1.227.000 денари, а приходи во 2014-та година има остварено и од соросовата НВО Инфо Центар.
Порталот пишува дека медиумите на Героски секојдневно напаѓаат и ја обвинуваат владата за недостаток на слобода, со разно разни наслови за диктатура, недемократија и огранучување на слободите што воопшто не е видливо преку сметката на истиот тој Героски, кој под пазарни услови и амбиент спротивен од тој што го опишува, заработува повеќе од одлично.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
