-->
-->
ЖРК Вардар и Ференцварош ја отвораат сезоната во Лигата на шампионите
-->

Ланскиот финалист во Лигата на шампионите екиpата на ЖРК Вардар новата сезона во Лигата на шампионите ќе ја почне со дуелот во петок против унгарскиот тим ФТЦ. Со истиот противник „вардарки“ и лани ја почнаа сезоната, но на „отворањето“ одиграа нерешено 27:27.
- Секоја година играме на завршниот турнир Ф4 од Лигата на шампионите, секој резултат под тоа ќе биде неуспех . Ние сами си ја наметнавме улогата на фаворит . Се наоѓаме во група со Ларвик, Ференцварош и Турингер. Сите ни се познати ривал, но ние сега ќе играме да победуваме, а формата ќе треба да ја постигнеме на пролет. Наша главна цел е да ја освоиме Лигата на шампионите. Досега само трениравме и игравме неколку дуели од Регионалната лига, сепак вистинското нешто е Лигата на шампионите. ФТЦ е сериозен ривал, тоа најдобро го покажа лани кога одигра нерешено во Скопје. Верувам дека ќе биде се во ред, иако имаме и мали повреди и очекувам сите максимално да бидеме подготвени, изјави десното крило и капитен Јованка Радичевиќ.
Тренерот Ирина Дибирова очекува сите да бидат подготвени, особено се однесува на левите крила Кузнецова и Саздовска, како и Бајрамовска.
- Добро е што првиот натпревар од ЛШ го играме дома. Играме против ФТЦ, добра екипа која важи за фаворит за пласман на завршниот турнир во Будимпешта. Имаат квалитеттни играчи, а лани почнавме со нерешен резултат со нив, изјави Дибирова.
Во новата сезона покрај Дибирова како асистент ќе биде помошникот на Раул Гонзалез од машката ракометна репрезентација Роберто Гарсија Парондо.
Претседателот на клубот Гордана Нацева за првиот противник изјави:
- Тоа е тимот кој е најблиску до салата каде се игра завршниот турнир и тоа е екипа која најмногу посакува учество на Ф4 турнирот.
Натпреварот се игра во петок со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хакерска група тврди дека има медицински картони на илјадници агенти на ФБИ
-

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија
-

Трамп го отфрли предлогот на Иран за седумдневен прекин на огнот
-

Променливо облачно, со локален дожд
-

Тошковски: Од 12 октомври „Безбеден град“ ќе се применува во Охрид, Дебар, Кичево и Струга
-

Шведски и фински „ловци“ подигнати по тревога за пресретнување на руски воени авиони
-

АХВ: 560 вонредни контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, издадени 140 решенија за утврдени неусогласности
-

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината
