-->
-->
Жозе Мурињо обвинет за даночна измама во Шпанија
-->
Шпанското државно обвинителство соопшти денеска дека е покренато обвинение против тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, за периодот додека работел како тренер во Реал Мадрид.
Познатиот фудбалски стручњак е обвинет дека ја измамил шпанската даночна управа за 3,3 милиони евра, за неплаќање данок на приход во 2011 и 2012 година.
Според соопштението на Обвинителството, случајот на Мурињо бил веќе предаден пред локалниот суд во Мадрид.
Обвинителите тврдат дека португалскиот тренер, додека работел во Шпанија, не ги пријавил приходите што ги остварувал од користење негова фотографија во рекламни и пропагандни цели.
Мурињо (54) засега се нема огласено со било каква изјава во врска со подигнатото обвинение.
Тој не е првиот во овој спорт кој има проблеми со шпанските даночни власти и со обвинителството.
Минатата недела, беше обвинет и ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, дека извршил даночна измама од 14, 7 милиони евра, исто така за „скриен и неоданочен приход од правата за објавување негови фотографии“.
Роналдо е обвинет за истиот период како и Мурињо, кога двајцата беа дел од тимот на Реал и кога имаа еден ист рекламен агент.
Освен нив, шпанските власти веќе ги осудија Лионел Меси и неговиот татко за истиото кривично дело, како и неговиот клубски другар Хавиер Маскерано.
Казната од 20 месеци затвор, на која е осуден Меси, најверојатно ќе се преиначи во условна, а Маскерано, кој ја призна вината, беше осуден на затворска казна од една година условно.
Судски процес за даночна измама се води и против Бразилецот во Барселона, Нејмар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најголем дел од Скопје ќе остане без вода: Затворањето на главниот цевковод почнува во петок
-
Преглед на вестите од светот
-
30 години Сител со К-15
-
30 години Сител со Куманија
-
30 години Сител со Лазе Паковски
-
30 години Сител со Тони Михајловски
-
30 години Сител со Коле Ангеловски
-
30 години Сител со Лила Филиповска