„Жолти елеци“: Нотр Дам не е единствен проблем на Франција

Во организација на движењето на „жолтите елеци“, ширум Франција денеска со одржуваат нови протести од кои беше упатено „потсетување“ до Владата дека обновата на катедралата Нотр Дам не е единствениот проблем што треба да се реши во земјата.
Според француските медиуми, во текот на денешните, 23-ти по ред саботни протести на „жолтите елеци“, полицијата привела околу 70 лица.
Протест се одржа пред зградата на француското Министерство за финансии, од кој беше побарано намалување на даноците за работниците и пензионерите и зголемување на даноците за богатите.
Друга група „жолти елеци“ се собраа близу катедралата Нотр Дам, која беше сериозно оштетена во голем пожар меѓу понеделникот и вторникот, а трета група од околу 200 лица се обиделе насилно да влезат во Елисејската палата, при што биле спречени од полицијата.
Еден од лидерите на „жолтите елеци“, Пјер Дерие вчера на Фејсбук објави дека движењето „изразува негодување затоа што за четири дена е собрана милијарда за камења, а за сиромаштијата ништо“.
Ново на Сител
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
