-->
-->
ЖКК „Клупски патриот“ гордост на Истокот
-->
Градовите од Источна Македонија ретко може да се пофалат со квалитетни спортски колективи кои се натпреваруваат на највисоко ниво. За среќа еден од нив е женскиот кошаркарски клуб „Клупски патриот“ од Делчево кој за време на своето кратко постоење успеа да се етаблира на кошаркарската мапа во Македонија како значаен колектив кој ја врати вербата во иднината на женската кошарка во нашата држава.
Клубот во Првата македонска лига се натпреварува од 2010 година и оттогаш успеа да одигра четири финални натпревари во домашните натпреварувања и да го освои Купот на Македонија за 2012/13 година.
2010-2011 Финале на плеј-оф за шампионска титула
2011-2012 Финале на купот
2012-2013 Освоен купот на Македонија
2015-2016 Финале на плеј-оф за шампионска титула
Менаџер на клубот е Љупчо Петровски кој истакна дека за успесите на „Клубски патриот“ се заслужни сите од раковдоството, кошаркарките до масерот Живко Димитровски.
Оваа сезона кошаркарките од Делчево се со големи амбиции во домашниот шампионат. Желба им е да ја прекинат доминацијата на ЖКК Бадел од Скопје и да ја освојат шампионската титула. За таа цел се ангажирани неколку квалитетни и докажани интернационалки како Едина Муса , најдобрата кошаркарка во Македонија и српската интернационалка Ивана Марковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Ставил рампа и наплатувал 90 минути паркинг за 50 денари на јавно земјиште во Чаир
-
Јужнокорејскиот премиер ќе работи „до последен момент“ додека се зголемуваат повиците претседателот да поднесе оставка
-
Швјонтек ја отпушти својата менаџеркa по допинг скандалот
-
Мисајловски на министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба во Тирана
-
НАТО стравува од нови сериозни саботажи и кибер-напади
-
МВР се вклучува во камањата „Помисли двапати“
-
Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица