Македонија
10. September 2022 - 16:38

Животот станува прескап. Над 41,000 денари потребни за еден месец за едно семејство

Животот станува се поскап. Синдикатот пресмета дека на 4 члено семејство во август му биле потребни над 41 илјада денари за да го истурка месецот.  Ако се вклучи инфлацијата од 16,8%, на домаќинство  кое живее во 50 метри квадратни и нема автомобил му биле потребни над 48 илајди денари. Овде не се вклучени трошоците за еден ученик, што според пресметските на ССМ чини уште најмалку 6.000 денари.

Бројките покажуваат дека на 2 вработени со 2 минимални плати, им недостасуваат уште 5,000 денари месечно само за да преживеат.

Во потрошувачката кошница не се вклучени трошоците за рекреација, образование, хотели и ресторани, семејни прослави, не затоа што не се потребни, туку затоа што во кошницата се пресметуваат само неопходните трошоци, па доколку се пресметуваат и овие трошоци вредноста на истата би била многу повисока.

Само за храна и пијалоци месечно на едно домаќинство му биле  потребни над 18.000 денари , за сметки 12.500, за 2 месечни билети – 3.600 и за по едно парче облека и обувки -  2.200 денари.

Ако овие податоци не се доволни за некој од креаторите на политиките веднаш да преземе мерки за помош и поддршка на работниците во овие моменти, гладни и сиромашни работници = социјалната револуција, додаваат од ССМ.

Растот на  трошоците за живот ќе ја турне земјава во рецесија. Предвидува и фајнанс Тинк. Според нивните очекувања, стагфлацијата, однсно стагнирањето на економиајта, проследено со висока инфлацијата и раст на невработенсота, ќе станат поинтензивни до крајот на годината. Од следната , економиајта ќе биде во рецесија. 

И покрај падот на цените на ханата на светските пазари од јуни годинава, растот на цените на енегенсите укажува на подолготрајни ценовни притисоци. Затоа фајнанс Тинк ја ревидира проекцијата за раст на економијата од 2,8 на 2,1%, со истовремен пораст на  инфлацијата од претходните 9,7 на 12,2%.