Животно спакувано во кутија и оставено до контејнер во Делчево

Животно спакувано во кутија оставено до контејнер во Делчево. Ваква е денеска глетката на паркингот зад зградата кај Здружението на пензионери во Делчево. Револтиран граѓанин на социјалните мрежи сподели фотографии од спакуваното животно, притоа извинувајки се на граѓаните за лошата глетка на паркингот.
-Прво ќе објавам пост и веднаш ќе се извинам за грозните слики што ќе ги објавам. И се прашувам во кој век живееме, мајки, татковци, деца, баби, дедовци, сите од овде поминуваме. Сликите се од над пензионерскиот дом на паркингот. Врв на се е животно спакувано во кутија и оставено на тротоар. И пак се прашувам во кој век живееме, вели граѓанин кој ја регистрира грдата глетка, вели граѓанин на Делчево кој ја регистрираше глетката.
-Ова место е депонија во центарот на градот, несовесни, застануваат со авотмобил, исфрлаат и бегаат, вели граѓанин кој живее во близина на паркингот.
Надлежните велат дека ваквата состојба никому не му оди во прилог, во насока на чиста животна средина. Додаваат дека редовно се чистат контејнерите на овој потег од градот, но дека несовесноста е посилна кај одредени луѓе и оваа слика се повторува неколку пати. Побараа да се истражи целиот случај, а сторителите да бидат казнети.
Во текот на вчерашниот ден граѓани посведочија за слична ситуација кај спортските терени на Голак. На повеќето фотографии од овие терени можеше да се забележи отпад кој беше расфрлан до блиските контејнери.
Ново на Сител
-

Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор
-

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница
-

Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол
-

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
-

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола
-

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, во Штип синот го нападнал својот татко
-

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување
-

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници
